Сличноста на младиот човек од сликата со Наџи Лашрауи е шокантна, сметаат корисницте на социјалните мрежи.
Се фотографирала ли Ангела Меркел со најбараниот терорист Наџи Лашрауи, кој белгиската полиција го бара под дрво и камен? Ова прашање како лавина се поставува на социјалните мрежи, каде се појави селфито на канцеларката на Германија со млад човек кој ја прегрнал и кој неверојатно многу личи на еден од терористите, кои ги извршија нападите во Брисел.
Сличност е неверојатна и шокантна, коментараат корисници. Според повеќето од нив на сликата е токму Наџи Лашрауи. Тој беше снимен од безбедносните камери на бриселскиот аеродром “Завентем” непосредно пред нападот во вторникот.
Лашрауи е на 25 години и исто така е баран во врска со нападите во Париз. Негово ДНК е пронајдено на “експлозивен материјал кој се користел при нападите” на 13 ноември.