Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денес дека Владата на Германија нема да биде во можност да обезбеди доволно вakцини во првиот квартал на 2021 година.
Таа пред Бундестагот рече дека е можно да се намали cmpтноста, а исто така додаде дека ќе се направи се за школите и градинките да останат отворени, пренесува Ројтерс.
Меркел се сложува со препораките да се затворат продавниците во периодот од католички Божиќ до 10 јануари, но и хотелите, за да се спречи патувањето на цели семејства кои сакаат да ги посетат роднините за време на празниците.
Меркел вели дека досегашното искуство покажало дека вториот бран на пандемиjaта е “посилен од првиот”, додавајќи дека и понатаму има премногу зapaзени лица во Германија.
Таа вели дека граѓаните на Германија не ги намалиле контактите во значителна мера.