Македонскиот композитор и виртуоз на хармоника, Игор Димовски, пред извесно време ја промовираше композицијата „The Five Angels“ или „Петте ангели“, за која е снимена и впечатлива видеоприказна во околината на Марков манастир, близу Скопје, како и на Мечкин Камен кaj Крушево.
Се работи за композиција која изобилува со милозвучност и која го промовира традиционалниот македонски дух и култура.
Вреди да се слушне неколку пати.
Уживајте!