Магазинот GQ доби можност за да направи ексклузивно интервју со Меланија, а за потребите на приказната, тие поразговарале и со нејзините најблиски пријатели и познаници.
Како особено интересен може да се издвои делот во којшто таа го опишува нејзиниот фитнес и режим за убавина и трите нејзини тајни за добар изглед.
Движење со тегови на зглобовите
Овие мини тегови коишто може да се распоредат по целото тело класичното движење го претвораат во квалитетна физичка активност и овозможуваат истовремено зајакнување и обликување на мускулите.
Седум овошки дневно
Не е никаква тајна дека овошјето е важен дел од менито на секоја диета и без него нема добро здравје, а Меланија го консумира секојдневно.
Хидратација на кожата
Ова е неизбежен дел од секојдневната нега кај поголемиот дел од жените, а важен е и за првата дама на САД.