Меланија Трамп објави видео од разговор со Рози Мицкоска

Сопругата на премиерот Мицкоски, Рози Мицкоска, учествуваше на глобален самит за унапредување на образованието и дигиталната писменост во организација на првата дама на САД, Меланија Трамп.

На настанот Рози Мицкоска лично се сретна со Меланија Трамп и одржаа конструктивен разговор.

Настанот беше насочен кон унапредување на образованието, дигиталната писменост и употребата на технологија и вештачка интелигенција за поддршка на децата ширум светот.

„Денес ми е посебна чест денес да примам толку импресивна група лидери. Четириесет и петмина од вас патуваа од секој агол на планетата за да ја претставуваат својата нација како дел од оваа нова коалиција. Заедно ја негуваме иднината. Нашата мисија, да им дадеме моќ на децата преку технологијата и образованието, е остварлива“, истакна во своето обраќање првата дама на САД.

Централен момент беше претставувањето на американски изработен хуманоиден робот, кој јавно се обрати и комуницираше со присутните, покажувајќи ги можностите на напредната роботика и вештачката интелигенција.

Овој дел од програмата беше замислен како симбол на технолошкиот напредок и улогата на САД во развојот на иновации.

Настанот во Белата куќа послужи како платформа за меѓународно поврзување, размена на идеи и демонстрација на технолошки достигнувања, со акцент на иднината и глобалната соработка.

ВИДЕОТО погледнете го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.