Со додавање на маслиново масло и арома на жалфија, пирето од компир се претвора во магичен медитерански прилог! Во следниот рецепт погледнете што треба да додадете во водата за готвење, за вкусот на компирот да биде единствен.
Состојки:
350 мл млеко
50 мл маслиново масло
50 грама путер
2 мали лажички сечкани листови жалфија
1 кг компир
5 чешниња лук
Крупна сол
Подготовка:
Ставете го компирот во студена вода заедно со лукот, посолете го и сварете го на тиво огин. Исцедете и излупете го компирот, па измешајте го со миксер.
Во мало тенџере згрејте млеко, масло, путер и жалфија и оставете да отстои десетина минути па процедената течност полека додадете ја во компирот и матете додека не добиете кремасто пире. Ако е потребно додадете уште малку млеко.