Пчеларското здружение „Братство“ од Прилеп, го поканија градоначалникот Марјан Ристески да биде гостин на традиционалниот Фестивал на медот кој ќе се оддржи од 8 до 10 октомври на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“.
Овој фестивал претставува своевидна промоција на здравата еколошка храна која за жал е се помалку присутна на трпезите и преставува одлична можност за избор и дегустација на пчелните производи кои се лек и исхрана.
Градоначалникот Марјан Ристески ја истакна важноста од здравата исхрана како основен предуслов за правилен психофизички развој и ги покани граѓаните во следните три дена да го искористат присуството на многуте излагачи на пчелни производи, да дегустираат и изберат од широката понуда на мед.