Мега баскет и Вардар во битка за првото место викендов во Прилеп – Дојдете со полна трибина да ги пречекаме црвено-црните

Дербито на ова 11 коло, барем според позициите на табелата, ќе се игра во Прилеп. Во недела, од 19.часот, во спортската сала во ООУ “Добре Јованоски”, играат двете првопласирани екипи во групата „А“, Мега баскет и Вардар, и двете со разочарувачки порази во претходниот круг од натпреварите.

За „вардарци“ прв, запишан на гостувањето во Охрид, a за прилепчани втор по големиот минус на гостински терен кај Водно санс.

Прилепчани веруваат дека ќе му возвратат на црвено-црните за поразот во Скопје на стартот од сезоната, а за тоа ќе има треба нашата поддршка на трибината.

Два ипол часа порано, со почеток од 16:30 часот, младата екипа на Мега Баскет го пречекува Чаир, па добро би било неделата целосно да си ја резервирате за кошаркарски натпревари со вашите најблиски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.