МВР ќе ги пушти и новите полициски коли: Ќе патролираат низ цела држава, а опремени се со нови камери кои ќе снимаат

Министерството за внатрешни работи ги прими новите специјализирани возила за мобилно мерење на брзината – најсовремени „Форд“ модели опремени со интегриран радарски систем, камери со висока резолуција и софтвер за моментално лоцирање и документирање на прекршоци.

Возилата ќе патролираат низ целата држава и ќе детектираат пречекорување на дозволената брзина во градски средини, на регионални патишта и на автопат. Од МВР засега не откриваат кога системот ќе биде ставен во редовна употреба, но неофицијално се очекува да стане дел од нови мерки за зголемена сообраќајна безбедност.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.