МВР спие дури се спрема чај од липа? (ФОТО)

Секоја година иста приказна. Несовесни граѓани во Прилеп и летово ги уништуваат липите низ градот. Не постои човек кој нема да ја разбере борбата со сиромаштијата и тешкиот живот, но едно е тоа, а друго е да се кршат гранки и да се уништуваат децениски дрвја.

Само што процутеа и ги раширија своите големи зелени крошни, како по обичај овие дрва се уништуваат заради цветот кој го “берат”, ако ова може да се нарече берење, дел од нашите сограѓани.

Овие дрва кои ги има на многу локации низ Прилеп, секоe лето се уништуваат до последно, а нивните крошни го губат целиот раскош.

Сликата е иста во сите паркови и низ градските булевари. Апел до граѓаните кои го собираат плодот на овие дрва, да го прават тоа на начин на кој доликува и да не им ја одземаат ладовината на останатите своите сограѓани. Ваквата слика е срамна и дава неубав изглед на целиот град.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.