МВР со детали за денешниот нов инцидент во центарот на Прилеп: Пpиведен 21-годишен прилепчанец

На 27.06.2022 на Плоштад „Методија Андонов Ченто” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Д.Р.(21) од Прилеп затоа што претходно со употреба на сила од Д.С. одзел паричник и се обидел да избега, но бил спречен и задржан од случајни минувачи.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.

Според првичните информации кои претходно ги добивме од очевидци, лицето од жената украло поголема парична сума, при што минувачите успеале да го совладаат по кратка бркотница на плоштадот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.