МВР со детали за грозоморното убиство во Прилеп

Седумдесет и деветгодишната К.М. од Прилеп синоќа била убиена во својот дом од нејзиниот внук, 30-годишниот М.М., соопшти Министерството за внатрешни работи.

 

policija-3

Тој околу 23 часот најпрво се обидел да ја задуши со перница во нејзината спална соба во куќа на ул. „Борка Медаро“. Таа се разбудила, почнала да дава отпор и успеала за момент да го оттргне од себе.

Потоа М.М. извадил метален боксирач и неколку пати ја удрил во пределот на главата, по што таа починала. По еден час од настанот М.М. сам се пријавил во Полициската станица Прилеп. Итната медицинска помош констатирала смрт, а увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од прилепската полиција.

М.М. е задржан во полициската станица и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.