Деликвенти доцна вечерта во понеделникот ги демолираа справите за вежбање на новото игралиште во населбата “Точила” во Прилеп. Кршеа и фрлаа наоколу, без тронка срам и чувство…
Маркукуле го обелодени ова дивеење благодарение на видеа кои ни пристигнаа од загрижени и згрозени граѓани. Настанот предизвика негодување и лавина реакции од огромен број прилепчани, а МВР се’ уште ги нема идентификувано сторителите на ваквиот вандалски чин.
Дознаваме дека полицијата работи на случајот, но гледано од полицискиот билтен, се’ уште нема приведени лица од разузданата банда што го уништува општественото добро.
Да се надеваме дека час поскоро овие ДИВЈАЦИ ќе се соочат со правдата, а штетата ќе ја надоместат неколкукратно.
























