МВР одржа предавање во СОУ “Ристе Ристески-Ричко” Прилеп за штетноста на дрогата, алкохолот и цигарите

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Прилеп при СВР Битола, вчера (09.05.) во средното училиште “Ристе Ристевски Ричко“ во Прилеп спроведоа едукативна работилница на тема – “Превенција од девијантни појави: дрога, алкохол и цигари“.

Во текот на работилницата на учениците им беа презентирани сите суштински информации околу поимот на зависност, особено од користење на наркотичните дроги, надополнето со фактографијата за тоа какви се последици ваквите појави можат да донесат, а на штета на младите.

За време на предавањето беа појаснети и начините како да се препознаат и како да се превенираат овие појави, а во интерес на благовремена заштита на децата. Дел од предавањето, исто така, беше посветено на појаснувањето за законските санкции и консеквенци по однос на злоупотребите на дроги и алкохол.

Покрај ова, вчера и полициски службеници од Полициското одделение Ропотово, при СВР Битола, спроведоа превентивна активност под мото “МВР за граѓаните“ каде во Ропотово и на неколку околни патни правци на возачите и месното население им беа делени летоци со едукативна содржина од различни превентивни области.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.