СВР Битола поднесе кривична пријава против З.Т. (43), Т.Т.(41), Е.Т.(18) од Битола и М.А.(18) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 14.03.2020 З.Т., остварил влез во Република Северна Македонија преку Грција, заедно со М.А и Е.Т. кои доаѓале од Италија, поради што сите потпишале изјава за самоизолација од 14 дена и примиле писмена наредба од Министерството за здравство. На 19.03.2020, при проверка од полициски службеници пријавените, заедно со Т.Т., биле затекнати надвор од домот, односно не се придржувале до изречените мерки од Министерство за здравство.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Х.С.(32) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Тој на 17.03.2020 допатувал од ризична земја на граничен премин ,,Деве Баир“, каде што потпишал изјава дека ќе ги почитува мерките и препораките за спречување на пренесување на коронавирус и добил наредба за самоизолација во неговиот дом во времетраење од 14 дена, но на 19.03.2020, при проверки на полициски службеници, пријавениот не бил пронајден во неговиот дом во с.Големо Коњари.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Д.К.(35) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 17.03.2020 пријавениот допатувал од ризична земја на граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, каде што потпишал изјава дека ќе ги почитува мерките и препораките за спречување на пренесување на коронавирусот и добил наредба за самоизолација во неговиот дом во времетраење од 14 дена. На 19.03.2020, при проверки на полициски службеници, пријавениот не бил пронајден во неговиот дом на ул.,,Пере Тошев“.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против С.Л.(24) од с.Житоше, општина Долнени, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 17.03.2020 пријавениот допатувал од ризична земја на граничен премин ,,Деве Баир“, каде потпишал изјава и добил наредба за самоизолација во неговиот дом во времетраење од 14 ден, но на 19.03.2020, при проверки на полициски службеници, пријавениот не бил пронајден во неговиот дом, односно не се придржувал на изречените мерки за самоизолација.
Извор: Дневен билтен на МВР