МВР: Кај крушевчанец пронајдени стебла од канабис, жител од прилепско заработи кривична за фалсификување на лична карта

Од полицискиот билтен на МВР:

-СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.Ј.(54) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 04.07.2025 полициски службеници, со судска наредба, извршиле претрес во домот на пријавениот, при што се пронајдени и одземени стебла од канабис.

-Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово поднесе кривична пријава против М.Ј.(27) од с.Житоше, о. Долнени, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На Граничниот премин Табановце, за влез во државата, при извршени гранични проверки е констатирано дека пријавениот приложил фалсификувана бугарска лична карта.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.