МВР: Во домот на прилепчанец пронајдени пушки, куршуми и распрскувачки материјали

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против С.Б. (53) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“.

На 30.01.2018 година во село Загоричани полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот.

При претресот биле пронајдени и одземени пушка, 20 куршуми со калибар 9 мм и четири парчиња ловечка муниција со ознака “CHEDDITE 12”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.