МВР: Апасиев нема пратенички имунитет за полициска контрола

Министерството за внатрешни реакции во денешната реакција вели дека пратеникот Димитар Апасиев нема имунитет во случај кога полицаец го сопрел неговото возило и сакал да му го пребара, за како што претходно рече пратеникот, да не има евентуално недозволени супстанци во истото.

-Полицискиот службеник нема обврска да издаде записник доколку проверката не покажува прекршок. Јавните функционери избрани како народни претставници треба да се првиот пример за граѓаните и да ги почитуваат законите, наместо да злоупотребуваат пратенички имунитет и да се повикуваат на привилегијата која им ја гарантира функцијата. Униформиран полициски службеник при редовно вршење на своите работни задачи, побарал да изврши контрола при управување на патничко возило, во случајот со употреба на дрегер.

Оваа реакција на МВР следува по објавата на пратеникот од Левица кој бил запрен од полициски службеник на патот Скопје-Штип.

Па тука би било добро да напоменеме на Законот за полиција односно на Член 33 Став 1 кој гласи: Полицискиот службеник во униформа при примена на полициските овластувања, е должен да се легитимира.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.