Уникатен уличен музичар ги забавува прилепчани секоја сабота
Саксофонист изминатите неколку саботи е одлично освежување на плоштадот “Методија Андонов – Ченто” во Прилеп.
Со неговите изведби на познатите светски хитови ги освојува сите минувачи и за прв пат досега Прилеп барем малку наликува на светските метрополи каде уличните музичари се секојдневие и одличен декор и забава.
Секоја чест мајсторе, се надеваме дека ќе бидеш тука и идната сабота и ќе имаме прилика да поразговараме!