Мајсторски погодок каков ретко се гледа и во Прва лига: Прилепско Големо Коњари прими гол од половина терен (ВИДЕО)

Македонија располага со фудбалски таленти, а такви деца има и во Третата фудбалска лига.

Доказ за тоа е дерби натпреварот помеѓу Росоман и прилепско Големо Коњари, на кој домаќините ги изненадија прилепчани и славеа со 3:1.

Победата на овој натпревар ја најави Стефан Костовски, кој во 65-та минута со маестрален удар стрелаше за 2:1.

Со овој пораз клубот од прилепско сега е на втората позиција со 25 бода после 12 одиграни кола. Пред нив со еден бод предност е велешки Борец, а Превалец и Росоман се трето и четврто пласирани, со 23, односно 22 освоени бодови.

Од ФК Големо Коњари после овој натпревар се пожалија од судењето, па на социјалните мрежи напишаа: “Судиската тројка КАТАСТРОФАЛНО го водеше натпреварот, очигледно треба друг да биди прв”.

Во продолжение погледнете го погодокот на Костовски:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.