Мајмyнcките cипаници досега peгиcтpиpaни во 12 земји

Досега повеќе од 80 случаи на мајмунски сипаници, кои ги загрижија здравствените власти во Европа и светот, се потврдени во најмалку 12 земји.

Светската здравствена организација, без да прецизира во кои земји, соопшти дека се истражуваат уште 50-тина сомнителни случаи и предупреди дека најверојатно ќе бидат пријавени повеќе случаи.

Засега, инфекции со мајмунски сипаници се потврдени во девет западно-европски земји, како и во САД, Канада и Австралија.

Според објаснувањето од британските здравствени власти, станува збор за ретка вирусна инфекција која е обично со благи симптоми и од која луѓето се заздравуваат за неколку недели. Вирусот не се шири лесно меѓу луѓето и проценките се дека ризикот за пошироката јавност е многу низок.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.