“МАЈМУНИ” покажаа како се сака Македонија ! ! !

14211927_1220423781358172_2892293436655350164_n

Непрекинато навивање, бодрење, силен патриотски дух и секакако многу македонски знамиња, беше сликата на еден дел од трибините на синоќешниот натпревар помеѓу Албанија и Македонија во Скадар, каде се наоѓаа навивачите од навивачката група “Мајмуни” oд Прилеп.

Стотината навивачи на прилепска Победа,  покажаа и докажаа, дека кога националните бои се во прашање, не постои препрека за нивното присуство, наклонетост и желба за добар резлутат.

И покрај тоа што теренот за гостување беше жежок  и не добија убаво гостопримство, “Мајмуни”, засилени со “Кумани” oд Куманово и неколку членови на навивачките групи “Гемиџии” од Велес  и “Рибари” од Охрид, жестоко ги бодреја нашите репрезентативци од трибините и се радуваа на израмнувачкиот гол на нашата репрезентација.

Натпреварот помеѓу Албанија и Македонија од првото квалификациско коло за Светското првенство 2018 година во Русија, беше прекинат во 77-та минута, и ќе се доигра денес од 14:00 часот по средно европско време.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.