“Мајмуни” повикаа на протест пред општина: “Прилеп не смее да молчи, Победа тоне, да се кренеме сите”

Навивачката група “Мајмуни” од Прилеп – верните поддржувачи на спортот во градот под Марковите Кули, објавија повик за протест на социјалните мрежи.

Во јавниот повик за протест и како што се вели, “за спас на ФК Победа”, oд МАЈМУНИ напишаа:

Прилеп не смее да молчи! Време е за протест!

Фудбалскиот клуб Победа е симбол на нашиот град. А денес, го гледаме како тоне… без реакција, без план, без срам!

Ако сега молчиме – утре ќе нема каде да тренира ниту едно дете. Нема иднина без спорт! Нема иднина без Победа!

➡ Да се кренеме сите – родители, деца, спортисти, тренери, навивачи, граѓани!
➡ Да им покажеме дека Прилеп не се предава така лесно!
➡ Да бараме решенија, поддршка, враќање на клубот!

📍 СЕ СОБИРАМЕ сабота 10 часот
📍 ЛОКАЦИЈА: пред општина




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.