Влатко Лозановски добри награда за најдобар поп-фолк изведувач на второто издание на МАС регионалните награди, манифестација која синоќа се одржува во Белград.
– Голема благодарност до моите во Македонија, морам да го поправам Сале, тоа е Македонија, не е со тој додаток што го кажа пред малку, порача Влатко Лозановски при подигнувањето на наградата, поправајќи го водителот кој рече дека Влатко доаѓа од Северна Македонија.
„Мајко“ на Влатко Лозановски е избрана за најдобра поп-фолк нумера на MAC музичките награди.
Меѓу номинираните за оваа категорија беа уште и Тропико бенд, Наташа Беквалац, Антонија Шола, Илма Карахмет и Лексингтон бенд.