МАЈКА ХЕРОЈ! Руска глумица среде емисија скокна и почна да удира по жена од публиката која го навреди нејзиното дете со Даунов синдром (ВИДЕО)

Руската глумица Евелина Бледанс (49) се нафрлила врз жена во публиката која и рекла дека на општеството не му е потребен нејзиниот син со Даунов синдром.

“Опасно е да се раѓа со 35 или 40 години, а камоли на 49 годишна возраст. Што ти стана? Сакаш ли да родиш уште едно болно дете? Сакаш ли да имаш уште едно дете со Даунов синдром? На никого не му требаат такви деца”, рекла Елена Лебедева, а потоа глумицата скокнала и ја удрила жената.

Евелина на 49 годишна возраст го очекува своето трето дете, а во емисијата “Лајф” гостувала на тема “Трудници во поодминати години”. Нејзиниот син Николај (24) веќе е пораснат и самостојно живее во Израел, а младиот син (6) е дете со посебни потреби. Глумицата открила дека сега очекува девојче.

“Ќе те разбијам, јадничке. Тоа е мое дете. Можеш за мене да зборуваш што сакаш, но моите деца пушти ги на мира”, и порачала Евелина на жената во публиката.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.