Црквата Свето Благовештение од Прилеп и за овој Божик спроведе хуманитарна акција, при што собрани се средства за 131 ранливо семејство од Прилепското архиерејско намесништво.
Од храмот информираат дека за секое од овие семејства се обезбедени ваучери во вредност од по 2.500 денари, со кои семејствата ќе можат да си купат намирници по желба од маркет.
Средствата се обезбедени од црквата и благочестивите донатори!