Машката одбојкарска екипа од ООУ “Кочо Рацин” – Прилеп се пласираше на Државното првенство (Видео)

Машката екипа од ООУ “Кочо Рацин” од Прилеп, успеа да се пласира на Државното првенство во одбојка.

Момците од ова прилепско училиште важат за доста квалитетна екипа, па очекувањата се од Државното првенство да се вратат со голем успех.

Екипата ја предводи наставникот по физичко образование, Петре Крагуевски.

Да потсетиме дека од ова училиште, на Државно првенство се пласираше и женската ракометна екипа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.