Од 05 до 06 јуни во салата “Работнички Градски Парк” во Скопје, се одржа 27-то Државно првенство во бокс, во организација на Националната Боксерска Федерација.
Боксерскиот клуб “АС” од Прилеп зеде учество со три боксери: Дамјан Талимче до 60 кг. јуниор , Матеј Чатлески до 80 кг. кадет и Невена Стојаноска до 46 кг. кадет.
Дамјан Талимче во четврт финалето го победи фаворитот Кемал Фетаи од БК Шкендија Но Лимит – Тетово со нокаут во втората рунда. Оваа борба вооедно беше и најдобра на првенството.
Во полуфиналната борба Дамјан загуби од Рузгар Асановски од БК Борец-Велес со поделена одлука на судиите 1:2.
Борбата беше 3 рунди неизвесна со предност на Дамјан, но на крајот судиите му ја доделија победата на боксерот од Велес, а Дамјан се закити со бронзениот медал.
Дамјан Талимче од оваа среда е на 8 дневни припреми во Охрид, каде ќе ја претставува Македонската репрезентација.
Матеј Чатлески во финалната борба до 80 кг. кадети го совлада боксерот Кораб Билибани од БК Шкендија Бокс Тетово.
Со добро прикажаната техника и тактика, Матеј беше надмоќен сите три рунди над противникот. Со едогласна одлука на судиите победата и златниот медал му припаднаа токму него.
Невена Стојаноска е во одлична форма но во нејзината категорија немаше пријавено боксерки. Сигурно ќе имавме уште еден златен медал и тоа во женски бокс.
Верувам во сите наши такмичари , со голем труд правиме големи резултати. Сериозно работиме и сум презадоволен од резултатот на нашите боксери. Од двајца боксери имаме два медали за нашиот град Прилеп, и тоа златен и бронзен.
Во продолжение проследете ги борбите на прилепските боксери: