МАШИНИ! Мега Баскет со 54 разлика го потопи Куманово во Прилеп (ФОТО)

Екипата на Мега Баскет го торпедираше довчерашниот прволигаш Куманово, во првиот натпревар од втората кошаркарска лига. Мега баскетџиите од Прилеп се дебитанти во Втората лига сезонава, откако минатата година со одличните игри повторно ја вратија кошарката во градот под Марковите Кули.

Тимот е речиси истиот, но желбата за натпреварување е уште поголема, па така синоќа во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски”, прилепчании буквално ги растурија кумановчани. Крајниот резултат на семафорот беше 121-67, на огромно задоволство на вљубениците во кошарката.

Прилепчани беа како тим од НБА лигата за Куманово кој воопшто не наликуваше на тим кој играл во најелитното кошаркарско друштво кај нас.

Во следното коло Мега Баскет гостува во Штип кај екипата на Соколи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.