Мачор на прошетка низ Европа: За 6 месеци поминал 900 километри

Една Холанѓанка по шест месеци тага си го пронајде изгубениот мачор, Пепер. Тоа и не би било така невообичаено, доколку миленичето не е најдено во – Австрија, цели 950 километри од својот дом, пренесува телевизија ОРФ.

mace

Мачорот бил згрижен во една ветеринарна клиника. За среќа, имал и микрочип, по којшто неговата сопственичка го пронашла. На дамата и се посреќило и тоа што еден Австриец се пријавил доброволно да и го однесе мачето до нејзиниот дом.

Веројатно никогаш нема да дознаеме како тоа стигнало до Австрија, но едно е сигурно – наскоро Пепер ќе се врати дома.

 

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.