Народот најдобро ќе ја донесе правилната одлука за кого да гласа кога ќе слушнат нешто повеќе освен реклами со видеа, да слушнат каде се трошеле буџетските пари додека Проданоски беше претседател на Совет, а исто и од Лукареска која доаѓа од партијата што е веќе во стечај да слушнат како се уништи Прилеп, вели независната кандидатка за градоначалник на Прилеп, Павличне Матеска, која што бара дебара со кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
“Ајде да зборуваме и народот да чуе за депонијата Чачорица, зошто Прилеп ќе нема нов театар, за арамилукот во јавните претпријатија и дивоградбите што ги ослепуваат, а не ги гледаат…Да видиме дали СДС го води ВМРО во Прилеп со своите кадри и многу други работи….а, и зошто 51% прилепчани не сакаат да ги видат”, вели Матеска.