„МАТЕРИЈАЛОТ И ФОРМАТА“ прва самостојна изложба од Славчо Павлоски во Прилеп

Во Ликовната галерија во ЦК “Марко Цепенков” во Прилеп, вечерва (28.4.2023) беше отворена првата самостојна изложба на скулптури “Материјалот и формата” од младиот уметник Славчо Павлоски, кој се претставува со 15 дела изработени во мермер и дрво.

За изложбата најпрво говореше Игор Тасески кој рече дека Павлоски е талентиран уметник кој со неговите дела ја истражува меката и тврдата форма во мермерот и дрвото, и дека скулптурите даваат различен визуелен ефект.

Професорот Александар Џинго посочи дека Павлоски е вонреден талент кој верно чекори по стапките на осознавање на уметноста и со својата посветеност влегол во канализирање на својата дарба и го покажал раскошниот талент.

Славчо Павлоски е студент на ФЛУ при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, на отсек вајарство, под менторство на проф. м-р Гоце Наневски.

Има учествувано на повеќе ликовни колонии, а со изложба на слики се преставил во Нови Сад, Р. Србија. Член е на Друштвото на ликовни уметници- Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.