Прилепската кошаркарска екипа Мега Баскет, утре во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски”, со почеток од 19ч, го пречекуваат вториот тим на МЗТ Скопје.
Ова е последен домашен натпревар во регуларниот дел од сезоната во Втората кошаркарска лига, а математиката на прилепчани е јасна – две победи во последните две кола, за пласман во плеј-оф разигрувањето.
Прилепчани се наоѓаат на деветтото место на табелата и по трите последователни порази, ќе мораат да најдат мотивација за да го изненадат петтопласираниот тим на МЗТ.
Бидејќи само победа ги остава во игра прилепските момци за продолжување на сезоанта, потребна е поддршката на сите вљубеници во кошарката и полна трибина.
Се гледаме утре во ДОБРЕ!