Маск си го сака цел Твитер за себе: Нуди 41 милијарда долари

Милијардерот Илон Маск се понуди да го купи Твитер за 41,39 милијарди долари.

Понудената цена на Маск од 54,20 долари по акција претставува премија од 38 отсто во однос на цената на акциите на Твитер од 1 април, последниот трговски ден пред да биде објавено дека Маск купи повеќе од 9% од социјалната мрежа.

Твитер АД. на регулаторниот брифинг во четвртокот рече дека Маск, кој моментално поседува нешто повеќе од 9% од акциите, е најголемиот акционер на компанијата. Тој во средата испрати писмо до компанијата во кое достави предлог за купување на преостанатите акции на Твитер.

„Инвестирав во Твитер бидејќи верувам во неговиот потенцијал да биде платформа за слобода на говор ширум светот и верувам дека слободата на говорот е социјален императив за функционална демократија“, наведе извршниот директор на Тесла, во писмото испратено до Брет Тејлор, претседател на одборот на Твитер.

„Меѓутоа, откако инвестирав, сега разбирам дека компанијата ниту ќе напредува, ниту ќе му служи на овој општествен императив во сегашната форма. Твитер треба да се трансформира во приватна компанија. Како резултат на тоа, нудам да купам 100 отсто од Твитер за 54,20 долари по акција во готово, 54 отсто од премијата во споредба со денот пред да почнам да инвестирам во Твитер и 38 отсто во споредба со денот пред да биде објавена мојата инвестиција“, додаде тој.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.