Во Прилеп веќе се чувствува фестивалското лудило, се подготвува четиринаесетото издание на “Пиво Фест”. Oд 14-ти до 17-ти јули, Прилеп е центарот на сите случувања во државата и на Балканот. Овогодинешното издание на фестивалот на скарата и пивото, според програмата, ќе биде едно од најгромогласните, најлудите и најпосетените.
Општина Прилеп која е организатор на фестивалот и оваа година ќе направи се за фестивалот да помине беспрекорно како и сите години уназат.
Градоначалникот Марјан Ристески во интервју за весникот Република говори за целата организација околу фестивалот и неговите желби за во иднина.