Марјан Ристески во интерес на народот ја објасни Новогодишната кошничка

Од 15 декември до 15 јануари повеќе од 650 производи со пониски цени за граѓаните во рамки на Новогодишната кошница.

Новогодишната кошница е креирана на предлог на стопанските комори, производителите и дистрибутерите на прехрамбени производи и пијалаци, кои излегоа во пресрет на повиците на јавноста да ја покажат нивната општествена одговорност, каде крајниот бенефит ќе го имаат граѓаните на Македонија!

-Концептот за Новогодишната кошница го презентиравме со премиерот Христијан Мицкоски, министерот за економија и труд Бесар Дурмиши и претставниците на сите бизнис комори и учесници во акцијата, а крајната цел е на полиците во маркетите граѓаните да имаат широка лепеза на производи со попуст од најмалку 10 проценти. Ние како Влада даваме поддршка на мерката и во тек е изготвување на интернет страната – www.mojakosnica.mk на која ќе бидат објавени сите потребни информации поврзани со акцијата.Голема благодарност до сите општествено одговорни компании кои се дел од оваа акција, апел до сите заинтересирани да се приклучат на истата. Министерството за економија и труд и Владата на Република Македонија се грижат за стандардот на народот – напиша на ФБ заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Новогодишната потрошувачка кошничка се состои од листа на прехранбени производи и алкохолни и безалкохолни пијалаци предложени од страна на производителите и трговците кои за време на новогодишните празници ќе бидат понудени на потрошувачите по ниски цени.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.