Во седмото коло од квалификациите за Европското првенство во фудбал, репрезентацијата на Македонија до 21 година, ја порази Украина на гостински терен со супер резултат 0:2.
Стрелец на првиот гол во 17-та минута беше Марјан Радески, кој уште во текот вчерашниот ден изјави дека младите фудбалери ќе дадат се од себе за да победат.
Радески иако неизвесен за овој натпревар, сепак одигра цели 90 минути.
Вториот гол беше дело на Демири во 56-та минута, при што новите 3 бода веќе беа гарантирани.
На три кола до крајот од квалификациите Македонија се наоѓа на 3-то место со 12 бода, исто толку има Исланд на втората позиција, кој е со меч помалку, а на врвот е Франција со 14 бода и исто одиграни натпревари како и Македонија.
Наредниот меч нашите млади надежи го играат повторно на гостински терен, против четвртопласираната Шкотска.
Овие момчиња докажаа дека располагаат со врвен квалитет, голема храброст и пред се големо срце.