Марјан Димески му го донесе на Прилеп првиот европски медал во џудо! (ФОТО)

Прилеп и Македонија се закитија со бронзен медал од Европскиот Куп за џудисти ветерани, кој викендов се одржува во Хамбург Германија.

Заслугата за првиот европски медал за нашиот град ја има членот на ЏК “СЕИШИН”, Марјан Димески, кој со бронза се закити во категоријата М7 до 90 кг.

-Целта е остварена. Освоен Европски Медал за Прилеп и Македонија!!! Нашиот член Марјан Димески освои 3 то место (бронзен медал) на Европскиот Куп за Ветерани во Хамбург Германија, категорија М7 до 90 кг. Ова треба да биде поттик за младите генерации џудисти! ПРОДОЛЖУВАМЕ! – напишаа од прилепскиот џудо клуб на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.