Францускиот клуб е во вистински налет! После ангажирањето на играчот од Рома, Кевин Стротман, имаат уште една мета од Сериа А. Се работи за младиот играч на Јувентус, Моизе Кин!
Марсеј, исто така, го договори и трансферот на Радоњиќ од Црвена Ѕвезда, кој ќе пристигне во редовите на Французите после плеј-оф дуелот за Лигата на шампиони, кој Ѕвезда вечерва го игра против Салзбург.
Сега на Велодром се обидуваат да го донесат и младиот напаѓач на Јувентус, кој не е задоволен од статусот во клубот. Јувентус не сака да го продаде својот играч, но тој изразил желба да ја напушти “старата дама”.
Marseille made another attempt to sign Moise Kean but Juventus are not prepared to lose him. [Di Marzio] pic.twitter.com/r1xfiUUcQl
— Juvefc.com (@juvefcdotcom) August 28, 2018