Бразилскиот репрезентативец и играч на Реал Мадрид, Марсело, одбил да ја коментира можноста за да му се придружи на Кристијано Роналдо во Јувентус. Бразилецот кратко и јасно рекол дека “ова не е вистинско време”.
30-годишниот Марсело Виеира е многу добар другар со Роналдо, а последната недела доста се поврзува и со преминување во Јувентус.
Говорејќи на конференцијата за медиуми, во очи на денешниот УЕФА Суперкуп меч против Атлетико Мадрид, Марсело бил запрашан за можноста да премине во Јувентус.
“Не сакам сега да разговарам за тоа. Овде сме само поради финалето и не е време за такви теми”.
Доколку Марсело навистина премине во редовите на старата дама, тоа би значело дека неговиот сонародник Алекс Сандро ќе се пресели во ПСЖ. Марсело на Сантијаго Бернабеу е од јануари 2007 година и има договор до јуни 2022 година.