Марсело во женскиот фудбал живее во Прилеп: Интервју со Даниела Велеска

Иако не е популарен колку машкиот, женскиот фудбал ја носи целата жестокост и борба. Даниела Велеска е пример за тоа дека девојките умеат со фудбалската топка и го заслужуваат целото внимание како и сите други спортисти. Данче е репрезентативец во Македонската женска фудбалска репрезентација и е пример за посветеност, пожртвуваност, работа, труд и напор.

13900465_1292566154107413_1055619210_n

 

Велат дека фудбалот е главната споредна работа во светот. Кога се заљуби ти во оваа игра?

Па љубовта кон фудбалот во мене постои уште од мала, гледајќи фудал заедно со мојата мајка.

Кога повеќето од девојките се одлучуваат за одбојка или ракомет ти се одлучи за најпопуларниот спорт во светот. Што влијаеше за да ја донесиш оваа одлука? Кој те поттикна?

Во населбата каде што живеев како мала, децата кои беа на моја возраст повеќето беа машки и нормално нивна омилена игра  беше фудбалот, па често ме бараа и мене да играм со нив. Зачудувачки иако тие беа машки, навстина добро играв и од ден на ден фудбалот ми стануваше се поинтересен и поинтересен, исто така  голем потик беше и мојата комшивка, тетка Валентина, која за мене е и како втора мајка. Таа навистина веруваше во мене кога другите се откажаа.  Тоа  никогаш нема да и го заборавам  и од се’ срце и се заблагодарувам.

13900466_1292566164107412_711433655_n

Во кој фудбалски клуб ја започна својата кариера и за прв пат ги истакна своите фудбалски капацитети ?

-Мој прв фудбалски натпревар беше за моето основно училиште “Kочо Рацин”, каде се покажав доста добро и тука ме виде еден од тренерите во  женскиот фудбалски клуб “ПОБЕДА” , па ме зеде да играм за нив.

Постои ли некој натпревар во твојата кариера кој секогаш ќе ти остане во сеќавање?

-Никогаш нема да ја заборавам мојата прва утакмица  за Македонската фудбалска женска репрезентација до 17 години  на турнирот во Хрватска,  каде и го освоивме второто место.

14794164_1292566147440747_261531339_n

Имаш ли некој ритуал пред натпреварите ?

-Хахаха, па да пред секоја утакмица сакам да се слушнам со мојата мајка да ми даде храброст, да ми каже да играм паметно,  и победата ќе дојди сама, а да и секако никогаш да не се плашам.

Кој се твоите фудбалски идоли ?

-Мои идоли се Марсело и Карвахал кои играат во Реал Мадрид, играат иста позиција како и јас, па гледајќи ги нив учам и за мене.

За жал женскиот фудбал не се следи доволно кај нас. Што мислиш која е причината за тоа ?

–  Јас сметам дека целата јавност е свртена кон машкиот фудбал, како и медиумите кои се премногу импресионирани само од машкиот фудбал, при што многу малку се обрнува внимание на нас жените,  за жал.

14800825_1292566157440746_898344963_n

Ти си дел и од Репрезентацијата на Македонија. Што треба да се промени за конечно и Македонија да се бори за висока позиција на големите натпреварувања ?

– За жал многу работи мораат да се променат за конечно нешто да тргне кон подобро. Прво треба да се зајакне нашата лига, да се има поголема конкуренција, a со тоа играчите би добиле поголем квалитет, потоа публиката треба да стекне поголема доверба во нас, повеќе да не поддржуваат, при што  со тоа и нашата мотивација би била поголема, и секако и ние играчите треба да го смениме нашиот менталитет, да веруваме дека можeме да постигнeме успеси, како што тоа го докажаа и нашите  фудбалери  од машката репрезентација до 21 година, при што успеаа да се квалификуваат на Европското првенство во Полска.

Каде се гледаш себе си во иднина, имаш ли некоја неостварена фудбалска желба ?

– Од кога започнав да играм фудбал тренирав напорно. Мојот труд беше забележан и како награда заиграв за Македонската женска репрезентација до 17 години. Потоа добив повик и за репрезентацијата до 19 години и  за најголемо мое изненадување добив и повик за  националната А репрезентација на Македонија. Моја, за сега неостварена желба, е со клубот да стигнеме до шампионската титула во Македонија, а потоа да заминеме во квалификации за Лигата на шампиони, каде би посакала да се покажеме во добро светло, а  се разбира  би сакала и да заиграм за некој поголем клуб надвор од Македонија.

14800886_1292566150774080_1703025712_n

Кој е патот до успехот според  Даниела ?

-Па спортскиот живот е навистина тежок, си бара свои жртви, треба да се тренира напорно секој ден, да го даваме својот максимум,  да се избегнуваат доцните излегувања, со цел што повеќе да бидеме одморени за наредниот тренинг, да бидеме упорни,  да не се откажуваме кога е тешко  и секако да веруваме во себе си.

 

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.