Маркукуле предлог филмови #1

 

The Martian (МАРСОВЕЦОТ) :

Режисер : Ридли Скот
Главни улоги : Мет Дејмон, Џесика Частејн, Кристен Виг, Џеф Даниелс, Мајкл Пенја, Шон Бин, Кејт Мара, Себастиан Стан, Аксел Хени, Макензи Дејвис, Бенедикт Вонг, Доналд Глоувер, Чен Шу, Еди Ко, Чуетел Еџиофор и др.
Држава : САД, Велика Британија
Година : 2015
Времетраење : 141 минути
Резиме : За време на пилотирана мисија до Марс, после силна бура, астронаутот Марк Ватни (Мет Дејмон), е сметан за мртов и е изоставен од колегите. Но Ватни оживува и се наоѓа сосем сам на непријателската планета. Располагајќи само со мали резерви, тој треба да се ослони на својата генијалност, за да преживее и да најди начин да сигнализира на Земјата дека е жив. На растојание од милиони километри, НАСА и екипа од меѓународни учени работат неуморно, за да го вратат Марсовецот назад дома. Секој од нас го имал чувството дека е сам на овој свет. Но единствено Марк Ватни го опознава чувството да си сам на Марс.

The Last Witch Hunter (Последниот ловец на вештерки) : 

Сценарист и режисер : Брек Ајзнер
Главни Улоги: Вин Дизел, Роуз Лесли, Илајџа Уд, Мајкл Кејн, Армани Џексон, Самара Ли и др.
Држава : САД, Кина, Канада
Година : 2015
Времетраење : 106 минути
Резиме : Светот ни крие многу тајни, и најневеројатната од нив е, дека меѓу нас сеуште живеат вештерки – злобни суштества со надприродни способности, решени да ја ослободат Црната смрт над светот. Во тек на векови со необичниот непријател се бореле цели армии на ловци на вештерки, вклучително и Колдер (Вин Дизел) – силен војник, кој успеал да ја убие семоќната кралица на вештерките и да погуби голем број од нејзините следбеници. Точно пред смртта, кралицата го проколнала со безсмртност. Денес Колдер е последниот преживеан од својот вид. Поминал векови во пронаоѓање вештерки, не престанувајќи да копнее по изгубените блиски. Без да претпоставува, тој сега е на пат да се соочи со најсериозниот предизвик во својот долг живот – кралицата е воскресната и очајно сака да се одмазди на убиецот.

The Man From U.N.C.L.E (Човекот од U.N.C.L.E) :

Режисер: Гај Ричи
Главни Улоги : Алисија Викандер, Џаред Харис, Хју Грант, Арми Хамер, Хенри Кавил, Елизабет Дебики и други
Држава : САД, Велика Британија
Година: 2015
Времетраење: 116 мин.
Резиме:  Најновото aкционо продолжение на режисерот Гај Ричи, „Човекот од U.N.C.L.E.”, е свежо обновување, на популарниот телевизиски сериал од 1960-те, со учество на звездите Хенри Кавил во улогата на Наполеон Соло и Арми Хамер како Илја Курјакин. Дејствието се развива во почетокот на 1960г. во текот на Студената војна и е фокусирано врз динамиката во односите на шпионот на ЦИА Соло и агентот на КГБ Курјакин. Двајцата ги обединуваат способносите во заедничка мисија – да биде запрена таинствена меѓународна престапна организација решена да ја дестабилизира кревката рамнотежа на светските сили, распростанувајќи нуклеарни оружја и технологии. Единствената трага на екипата е ќерката на исчезнат германски научник, кој е клучот кон проникнување на престапната оганизација, и треба да побрзаат да го откријат за да спречат светска катастрофа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.