Маркукуле прв дознава: Ова се главните ѕвезди кои ќе настапат на “PRILEP BEER WEEKEND”

Од 1. до 3. септемеври Прилеп ќе биде местото каде ќе се случува најголемата забава во Македонија. Фестивалот на скарата и пивото оваа годината ќе го одбележи дваесеттото јубилјено издание, а ќе го носи името “PRILEP BEER WEEKEND” и ќе трае 3 дена.

Маркукукуле прв дознава кои се главните ѕвезди кои ќе настапат на фестивалската сцена во Прилеп.

Според информациите својот настап го имаат потврдено “Тропико Бенд”, “Hurricane” и балканската мега ѕвезда Аца Лукас.

Утре организаторите, заедно со општина Прилеп ќе одржат прес конференција на која ќе биде позната целата програма и сите содржини.

За Аца Лукас ова ќе биде втор настап на Пиво Фест во Прилеп, неговиот прв настап беше во 2016 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.