Maкедонија во континуитет настапува на големите ракометни натпреварувања. Светското првенство во Франција го започнавме победнички. Од дружината на Кире Лазаров настрадаа Тунис и Ангола, а загубивме од Словенија. Македонија веќе се пласира во осминафиналето, но сеуште не е познат противникот кој не чека таму. Тоа пред се зависи од последите два натпревари во групната фаза, каде се среќаваме со репрезентациите на Шпанија и Исланд. Сите карти се отворени. Македонија има шанса да се најде и на првото место на табелата, но и да биде четвртопласирана, што ќе значи судир со фаворитот број еден и домаќин Франција.
Koe e вашето мислење, до каде ќе стигне нашата најдобра ракометна репрезентација?
- ќе ја минат осминафиналната фаза
- осминафиналниот меч ќе им биде последен
- ќе се борат за медал
[democracy id=”22″]