Маркукуле АНКЕТА – Дали овогодинешните цени за откуп на тутунот се рамноправни и со нив се почитува трудот на земјоделците?

Aнкетите на маркукуле.мк кои ги спроведуваме во изминатите месеци, се покажаја како дискутабилни теми, кои побудија интерес кај нашите читатели. Елаборирајќи актуелни теми, добиваме фидбек за интересите и размислувањата на граѓаните, за теми кои сите нас не засегаат.

Изминатиот период спроведовме анкета која гласеше: Што очекувате после најавените парламентарни избори во 2016 година, без разлика на тоа која политичка партија би победила на истите?

Од понудените одговори нашите читатели во најголем процент се изјаснија дека политичките кризи ќе бидат честа појава и во иднина. Следуваше одговорот дека овие избори ќе значат крај на политичките кризи во иднина. Како трето нешто што можеме да очекуваме е економски подем на државата, после изборите. А најмал број на граѓани сметаат дека изборите ќе помогнат да се реши проблемот со името.

Во наредниот период, имајќи во предвид дека се ближи крајот на откупот на тутунот, како една од главните економски гранки и индустриска култура што значи опстанок за голем број семејства, нашата анкета ќе гласи:

Дали овогодинешните цени за откуп на тутунот се рамноправни и со нив се почитува трудот на земјоделците?

1. Да, тутунарите го добија заслуженото
2. Не, тутунарите се оштетени
3. Секогаш може подобро
4. Добро е ако вака се продолжи и во иднина

[democracy id=”8″]




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.