МАРКУКУЛЕ АНКЕТА: Дали Илија Несторовски заслужува прв состав во македонската фудбалска репрезентација?

Oдлучно НЕ од граѓаните за идејата на Зоран Заев за двојазичност на територијата на Република Македонија.

Откако лидерот на опозициската СДСМ, се избламира себе си и партијата која ја претставува, сметајќи дека и во Прилеп, градот каде застапеноста на Албанците е на најниско ниво, добро би било да се воведе двојазичност, преку нашиот портал спроведовме анкета и го тестиравме мислењето на граѓаните.

Резултатот од анкетата е поразителен и срамен за сите членови на СДСМ, имајќи го во предвид и тоа дека изостануваа нивните коментари и одобрувања на ова прашање.

Анкетата гласеше: Дали одобрувате албанскиот јазик да се изучува од прво одделение во цела Р. Македонија, како што предлага Зоран Заев?

Нашите читатели во изминатите две недели гласаа, па цели 90% од нив НЕ го одобруваат тоа, а само 49 гласале потврдно.

Новата анкета е инспирирана од успесите на прилепскиот голгетер Илија Несторовски и неговите први погодоци за италијанскиот калчолигаш Палермо.

Прилепскиот виртуоз е причината да запрашаме: ”Дали Илија Несторовски заслужува прв состав во македонската фудбалска репрезентација?”

  • Да
  • Не

[democracy id=”16″]




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.