Вљубениците во велосипедизмот од Здружението “Маркови точакџии” од Прилеп, топлото време во саботата го искористија за посета на вечниот дом на Тоше Проески и оддадоа почит пред одбележувањето на 11-годишнината од смртта на македонскиот ангел.
Велат делата и добрината кои ги сееше Тоше насекаде продолжуваат да живеат. Спомените за него нема да престанат, а неговите песни секогаш ќе потсетуваат на убавата насмевка и љубовта кон сите која ја носеше во себе.
“Тоше, те сакамеее!”, порачаа прилепските велосипедисти.