Од 4 јануари до крајот на месецов секој кој ќе пазари во тоа место ќе биде во можност да плаќа со старата валута, ќе може да ги потроши старите марки по курс од 1,95 марки за евро.
Носталгијата за германската марка, која се уште постои во оваа земја, натера еден ланец на супермаркети да ја врати во оптек оваа валута.
Во трговскиот ланец Кауфленд, во период од 4 до 30 јануари потрошувачите ќе можат да плаќаат со некогашните германски марки.
Целта на супермаркетот е да им даде шанса на луѓето да се „ослободат” од овие стари пари, а и да имаат можност уште еднаш да испазарат со нивната домашна валута.
Уште од времето кога еврото беше воведено во 2002 година, германските десничарски политичари повикуваат на враќање на марката. На кратко, супермаркетот ќе им ги исполни нивните соништа.
Од 4 јануари до крајот на месецов секој кој ќе пазари во тоа место ќе биде во можност да плаќа со старата валута, ќе може да ги потроши старите марки по курс од 1,95 марки за евро.
Како носталгијата би била уште поголема, супермаркетот реши многу од производите, да бидат спакувани како тие од времето на Западна Германија во 60-тите години.
Сепак можно е голем дел од Германците да не сакаат воопшто да ги разменат старите марки, односно омилената валута, која за нив има голема сентиментална вредност.