Марија и Орде од Прилеп се вистински херои! Досега изработија 5.000 заштитни маски во својот дом (Фото)

Марија и Орде Велески кои се родени во Прилеп, а сега живеат во Скопје, во својот дом со свој труд и материјали прават заштитни маски.

Овој брачен пар досега изработи речиси 5.000 заштитни маски кои досега се разделени на вистински места

Инаку, Марија веќе 20 години повеќе од успешно шие свечени и невестински фустани и голем дел од своето време поминува и на пазарите каде се продаваат материјали. Поттик за нешто вакво големо и хумано била и провокацијата поради тоа што некои луѓе профитираат и на нечовечки начин ја користат оваа кризна состојба предизвикана од пандемијата со корона вирусот.

Токму затоа Марија и Орде имаат за цел да ја урнат колку што можат заработувачката на оние кои профитираат и да предизвикаат позитивна енергија кај луѓето, но и поттик повеќемина да го следат нивниот пример.

Заштитните маски започнаа да ги изработуваат пред повеќе од еден месец, па досега стигнале до бројката 5.000.

Велат дека маските ќе се произведуваат додека е потребно. Со оглед на тоа дека се откажани сите прослави и веселби, па Марија нема порачки за фустани, целосно ќе се посвети на изработката на заштитни маски.

Овој хуман гест нека биде поттик за секој кој е во можност да направи нешто слично. Ова се времиња кога сите можеме да бидеме од помош и секоја подадена рака ќе значи чекор поблиску кон совладување на пандемијата со корона вирусот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.