Маринец открива што се случило кога го убиле Бил Ладен: Го плукале и удирале, а вака е погребан (видео)

„Го средивме“ била единствената порака што се ширела тој ден на воениот брод среде океанот. Иако врските на бродот функционирале 24 часа на ден и сите екрани постојано работеле, тој ден се’ се изгасило.

Единственото нешто што можеле да гледаат е Си-Ен-Ен. На бродот чувствата биле различни, војниците шепотеле, дури и во воздухот се чувствувало нешто чудно, но сите знаеле: „Го средивме“.

Ова значело дека Осама бин Ладен бил убиен и дека неговото тело е на тој брод. Кога ова им било потврдено на маринците, целиот брод експлодирал како Тајмс сквер на полноќ за Нова Година.

– Истрчав на долната палуба за да видам што се случува. Имаше двајца офицери кои ме вратија назад. Пред да се вратам, здогледав како двајца војници од хеликоптер вадат едно тело, раскажал еден од морнарите.

Многу беше тешко да се чува телото на Бин Ладен, бидејќи беше во просторија што се наоѓаше точно над мензата на бродот, и сите што одеа да јадат мораа да поминат токму пред неа.

Морнарите беа гладни и јадеа чоколади, што останале од порано, но кога дојде новата смена и праша што се случува, еден од морнарите рече дека се редат покрај просторјата бидејќи добиле дозвола да го истепаат телото на Бин Ладен. Ова наскоро стигнало до офицерите и сите биле казнети за таквите идеи.

Откако на морнарите неофицијално им било потврдено дека ДНК анализата покажала дека тоа е навистина Бин Ладен, маринците почнале да го плукаат, да го тепаат, го превртувале неговото тело од една страна на друга. Ниту една земја не сакала да преземе одговорност за телото, па затоа бил погребан во море. Никој не сакал гробот на Бин Ладен да стане еден вид на светилиште.

Бизнис инсајдер се обидел од Пентагон да добие потврда дали маринците навистина го тепале и плукале по телото на Бин Ладен.

„Ние ниикогаш не би простиле таков вид на однесување“, изјавил Џони Мајкл, портпаролот на Пентагон, кој одбил да одговори на прашањето дали овие тврдења се истражени.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.